На 20.10. и 23.10.2021 на Граничен премин Табановце, пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови.
Две лица кривично ќе одговараат, приложиле фалсификувани ПЦР тестови
Д
Одделението за прекуграничен криминал Куманово поднесе кривични пријави против А.Р.(45) од Боговиње, тетовско и К.Л.(53) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.