Во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, вчера во 14:40 часот патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Р.М. од Крива Паланка излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 50-годишната М.М. додека со телесни повреди другата сопатничка 23-годишната А.М., двете од Крива Паланка, а кои повреди биле констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Како што информира портпаролката на велешката ЈЗУ Општа Болница Марина Андова, кај повредена жена констатирана била скршеница на градна коска и скршеница на пршленско тело на лумбален рбет. Поради сложеноста на повредите 50-годишната пациентка била итно препратена на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје.