Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата 24 изјави дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и црвените линии ќе се најде на дневен ред во Парламентот само доколку ги исполнува условите. Но, како што изјави, тој се уште ја нема примено резолуцијата, поради што не сака да зборува за неофицијален документ.

-Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став – истакна Џафери.