Изјавата на лидерот на конзервативците „е точна и целосна и нема прекршувања на прописите“, соопшти комитетот на Долниот дом на британскиот Парламент.
Комисијата, сепак, жали што ниту Борис Џонсон, ниту неговиот добротел , бизнисменот Дејвид Рос, донатор на Конзервативната партија, веднаш не информирале за „неформалниот“ договор за финансирање на одморот.
Џонсон и неговата тогашна свршеница, а денеска неговата сопруга, новогодишниот одмор го минаа на приватниот остров Мустик во карипскиот архипелаг Гренадини.
Премиерот во својата изјава кажа неговиот престој на островот, вреден 15.000 фунти (17.500 евра) му го донирал бизнисменот Дејвид Рос, основач на поранешниот телекомуникациски оператор „Carphone Warehouse“ .
Но, сомнежот врз целиот случај го предизвика самиот Рос, кој првично негираше дека му дал подарок на премиерот, тврдејќи дека не понудил таква сума, за подоцна преку неговиот портпарол да потврди дека станува збор за „подарок во натура“.
Даунинг стрит уште од почетокот тврдеше дека се е според прописите што ги почитува премиерот.