Доминик Двајер, микробиолог од Сиднеј, кој беше дел од експертската група на СЗО, вели дека вирусот можело да се прими преку заразено животно, кое било продадено на пазарот.
Меѓународната група експерти на СЗО, која од 14 јануари скоро еден месец престојуваше во Кина и притоа направи заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на ковид-19, разви четири главни хипотези за можното потекло на вирусот.
Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан, како што се говореше во јавноста, туку најверојатно имало меѓупреносител. Една од хипотезите која им била сугерирана од кинеските власти е дека вирусот е пренесен преку контаминирана храна. Меѓутоа, најверојатното потекло е од диви животни кои се продавале на пазарот со морски плодови во Вухан.
Во светот досега се потврдени над 123 милиони случаи на коронавирусот.