Талентираниот Елмас посака Пандев да не рече збогум на фудбалот после завршувањето на ова европско натпреварување.
– Не знам дали мечот против Холандија в понеделник ќе му биде последниот натпревар на бате Горан, но и по ова Европско првенство имаме важни натпревари, нè чекаат квалификациите за Светско првенство, а тој ни е потребен во тимот. Не сакам да оди во пензија. Но, ако тоа се случи, сакам да го испратиме на еден убав начин. Јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој натпревар против Холандија, рече Елмас.