Европската агенција за лекови наведува дека лекот треба да се зема два пати на ден во период од пет дена.
Сепак, ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.
-ЕМА издаде препорака за поддршка на националните власти кои би можеле да одлучат за можната рана употреба на лекот пред да биде пуштен на пазарот, во момент на зголемените инфекции и смртни случаи од Ковид-19 во ЕУ, порача европскиот регулатор.
ЕМА денеска почна да ја прегледува и документацијата за лекот на Фајзер, за евентуално да даде препораки за неговата употреба пред одобрувањето.
Европскиот регулатор, исто така, денеска порача дека не треба да се дои за време на лекувањето со лекот