На ЕВН ќе им ја преодава за 41 евро по мегават час, анемсто досегашните 36,1, односно за 13,6% повеќе..
Од ЕВН информираат дека на тендерот за т.н. универзален стабдувач, понуда доставиле само ЕСМ.
„ АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година.“, информираа од ЕВН.
Уделот на ЕСМ е најголем во крајната цена на струјата..Освен нивните, регулаторот ќе ги земе во предвид и барањата за покачување на МЕПСО, како и трошоците што ги прихави ЕВН, но надлежните уверуваат дека крајното псокапување на сметките за струја од 1 јануари ќе биде околу 10 %..
Сепак, дел од експертите, се сомневаат дека ова е достижно… Антон Чаушевски, професор по енергетика за Канал 5 вели дека според првичните барања на енергетските компании крајанта цена би се зголемила за минимум 15 до 20отсто.
„По моја проценка е дека покачувањето на цената ќе биде минимум 15-20% сега во јануари. А, што се однесува сега ЕСМ како ќе го покрие увозниот дел што треба да се задоволат потребите зн ЕВН Хоум, најверојатно Владата ќе помогне со набавка на јаглен, мазут, тоа е удел на Владата во намалување на ценовниот шок.“ изјави Антон Чаушевски, професор енергетика
Финалната одлука на регулаторната комисија се очекува наредната недела.. Оттаму веќе најавија намалување на профити и маржи со цел заштита на граѓаните од ценовните шокови.