Доколку предлогот што Европската комисија  биде усвоен, тоа ќе биде голем удар за пазарот на половни автомобили надвор од ЕУ.

Како што пренесува порталот „Пословни“, според овој план, дотраените возила веќе не би можеле да се продаваат надвор од Европската унија, со што би се подобрила безбедноста на патиштата и екологијата во трети земји, кои досега беа чистилиште за користени aвтомобили.

Наместо тоа, се посочува, ќе се рециклираат стари користени возила. Сепак, засега не е  прецизирано што спаѓа под половни, дотраени возила и по колку години користење влегуваат во оваа категорија.

Областа на примена на овие мерки постепено ќе се прошири на нови категории како што се мотоцикли, камиони и автобуси, што ќе обезбеди посеопфатна покриеност.

За предлогот на комисијата во наредниот период треба да се изјаснат Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс, одговорен за Европскиот зелен план, рече дека следната година на пазарот ќе се појават се повеќе автомобили со нула емисија, што ќе ја зголеми побарувачката за вредни примарни материјали.

– Со овој предлог ќе обезбедиме рециклирање и повторна употреба на што поголем број од овие материјали. Ова ќе овозможи нов живот на компонентите на нашите автомобили и значително ќе го намали влијанието врз животната средина врз патниот сообраќај – рече Тимерманс.

Комисијата предложи регулатива со која би се замениле постојните директиви за возила на крајот на животот и за повторна употреба и рециклирање. Комисијата тврди дека новите регулативи ќе доведат до годишно намалување на емисиите на јаглерод диоксид од 12,3 милиони тони до 2035 година и зголемена повторна употреба на клучните суровини. Тие очекуваат дека имплементацијата на таа регулатива ќе доведе до долгорочна заштеда на енергија во производствената фаза, намалување на зависноста од увезените суровини и промовирање на одржливи и кружни деловни модели, велат од Комисијата.

Дополнително, ќе обезбеди поголема безбедност на патиштата во трети земји бидејќи ќе го спречи извозот на дотраени автомобили во земјите кои увезуваат такви возила. Како што се наведува, секоја година повеќе од шест милиони возила го завршуваат својот животен век во Европа.

Според предложената нова регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за расклопување на возилата. Исто така, за тоа како да ги замените и отстраните деловите и компонентите за време на употребата и на крајот на животниот век на возилото. Најмалку 25 отсто од пластиката во новите автомобили ќе треба да доаѓа од рециклирање, а четвртина од тоа од автомобили кои повеќе не се употребливи.