Одговарајќи на новинарско прашање, во однос на блокадата од Бугарија, Линде рече дека ЕУ презела обврски кон Северна Македонија и дека треба да ги исполни тие обврски.

– Потребен е билатерален дијалог да се решат овие прашања на соодветен начин и ги поттикнувам сите дипломатски напори за решавање на ова прашање. На моите состаноци со министрите за надворешни работи во ЕУ јасно истакнувам дека Бугарија не треба да ги блокира преговорите и дека билатерално прашање не треба да биде предуслов за почеток на преговорите со Северна Македонија. Мислам дека ова е заедничка позиција и став на повеќето министри за надворешни работи, освен на министерот за надворешни работи на Бугарија, изјави Линде.

Реформите, исто така, нагласи Линде, не се спроведуваат само за членство во ЕУ, туку и за доброто на граѓаните на Северна Македонија.

– Погрешно е да се каже дека ја правиме оваа реформа за ЕУ, туку дека таа е добра за граѓаните и за обезбедување на безбедноста. Тоа не треба да ги обесхрабрува граѓаните. Секако дека има причина да се биде разочаран. Јас сум разочарана, секако и Вие сте разочарани, изјави Линде.