Со овој десетти пакет рестриктивни мерки поради кршење на човековите прва во Иран, на листата на санкционирани се додадени заменикот на врховниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, командантите на полициските управи во провинциите Мазандар и Фарс и директорот на затворот „Качуи“ во Караџ.

Шесте санкционирани субјекти се затворите во Каџај, Санандаџ, Захедан и Исфахан, новинската агенција Тасним и иранскиот Врховен совет за кибер просторот.

Со последните мерки на листата на ЕУ на физички и правни лица од Иран кои се предмет на санкции се наоѓаат 227 поединци и 43 субјекти.

Мерките опфаќаат замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства или економски ресурси на санкционираните, а на физичките лица плус им е забранет влез на територијата на Европската Унија.

Меѓу санкциите е и забраната за извоз во Иран на опрема што може да се користи за репресија и за следење на телекомуникациите.

– Европската унија ја изразува својата поддршка за фундаменталните аспирации на народот на Иран за иднина во која ќе се почитуваат, штитат и спроведуваат нивните универзални човекови права и основни слободи, се посочува во соопштението на Советот на ЕУ.

Изрекувањето на санкциите се поклопува со годишнината од смртта на 22-годишната Иранка, Махса Амини, кој почина под сомнителни околности на 16 септември 2022 година во болница во Техеран.

Амани беше уапсена три дена претходно од припадници на полицијата за морал, поради наводно неносење на хиџаб.

Според официјалното објаснување на иранските власти, Амани во затворот доживеала срцев удар, колабирала и паднала во кома, по што била префрлена во болницата каде починала.

Но, според очевидци, вклучително и жени кои биле приведени со неа, Амини била сурово претепана и дека починала како последици на полициската бруталност.

По нејзината смрт протекоа медицински снимки, кои според експертски оценки, укажуваат дека Амини имала повреди на главата кои предизвикале церебрално крварење или мозочен удар.