Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на проширувањето на Европската Унија, за да се обезбеди долгорочен мир, просперитет и безбедност на континентот.
– Проширена ЕУ значи поголема геополитичка отпорност, засилена енергетска независност, подобрена безбедност, но и поголема тежина на нашите заеднички вредности во турбулентните конфликти. Ова е денот кога треба да се потсетиме дека решителноста ја натера Европа да ги надживее оние турбулентни времиња и дека тоа го правиме со децении наназад и го правиме и сега, рече Рокас.
Тој посочи на пораката од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта до граѓаните на државава, истакнувајќи дека и се обратил на Северна Македонија како на идна земја членка на ЕУ и испратил прати силна порака за обединетост, за решеност, за одлучност.
– Знаеме дека заедно со помош на сите вас и со тековните реформи ќе успееме да го донесеме и да го направиме решителнииот чекор за да ја донесеме земјата онаму каде што припаѓа – во семејството на Европската унија, истакна евроамбасадорот Рокас.
