Во законодавниот дом денеска ќе престојува и турскиот пратеник Куршат Зорлу
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе го посети Собранието, каде што ќе оствари средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.
Во Собранието денеска е најавена и посета на турскиот пратеник Куршат Зорлу, кој ќе се сретне со својот македонски колега Бејџан Илјас.
Средбите се дел од активностите во рамки на меѓународната парламентарна соработка и дипломатските контакти во законодавниот дом.
