Зајакнување на одбраната и прилагодување на новата реалност
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус порача дека европските земји треба да преземат поголем дел од одговорноста за сопствената безбедност, во контекст на најавите од САД за повлекување на 5.000 војници од Германија.
Тој оцени дека Германија веќе се движи во вистинска насока и дека се спроведуваат мерки за зајакнување на одбранбените капацитети.
„Германија е на вистинскиот пат“ во овој поглед, рече Писториус, нагласувајќи дека се преземени чекори за зголемување на персоналот во Бундесверот, како и за забрзување на процедурите за набавка на одбранбена опрема и изградба на инфраструктура.
Тој додаде и дека ваквиот развој бил очекуван.
„Можеше да се претпостави дека САД ќе повлечат дел од своите сили од Европа, вклучително и од Германија“, изјави Писториус.
