Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нејзиниот безбедносен одбор на 29 март ќе одржи состанок на експерти за да продолжи да ги испитува и проценува пријавените случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината против Ковид-19 развиена од компанијата „АстраЗенека“ и универзитетот Оксфорд.
Од Европската агенција за лекови соопштија дека се очекува надворешни медицински експерти и двајца јавни претставници да ги презентираат своите ставови за можните причини за згрутчување на крвта и како се појавуваат, но ќе се зборува и за други можни ризици.
ЕМА веќе се изјасни вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, но некои земји спроведуваат и сопствени испитувања, пишува весникот „Гардијан“.