Дваесеткратниот Грен слем шампион Роџер Федерер ќе ја продолжи кариерата следната година.
Швајцарецот поради операција на коленото пропушти поголем дел од сезоната, а нема да учествува ниту на Вимблдон 2022.
– Да сигурно ќе продолжам да играм. Сè уште не знам како и каде. Но, ова е мојот план. За мене е важно да се вратам во форма и да тренирам. После тоа, може да изберам колку турнири ќе играм и кои ќе бидат тие турнири, изјави Федерер.
Швајцарецот е 20-кратен победник на Грен слем турнирите, а во минатото беше и прв на АТП ранг-листата.
Грен слемот Вимблдон ќе се игра од 27 јуни до 10 јули.