Како што наведува министерот за здравство, состојбата во болниците е многу сериозна.
Тој ги замоли граѓаните да ги почитуваат мерките, за, како што вели, да помогнат здравствениот систем да остане одржлив во битката со пандемијата.
– Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите…Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, напиша Филипче.
Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните…
Posted by Венко Филипче on Wednesday, March 31, 2021