– Целта е да разговараме како да ја подобриме бизнис климата во нашиот град, да ги отвориме можностите да се отвораат нови работни места, а со тоа да ја подобриме бизнис климата, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник истакна дека до крајот на месецот ќе се формира и Локалниот социјален-економски совет, во кој учество ќе земаат и граѓанските организации кои работат на заштитата на работничките.

– Овој совет ќе е поразличен од економскиот, во кој ја вклучува само бизнис заедницата. Во најкраток рок ќе го свикаме е тој совет, сите чинители, кои би дале вредност во нашиот град, рече Јорданов.

Пред бизнис заедницата вработените од Секторот за урбанизам и беше презентирано дека наскоро на јавна лицитација ќе бидат дадени парцели за изградба на објекти за лесна индустрија, во новата индустриска зона Плуждино, потоа парцели меѓу Три Чешми и Калиморово и во близина на Три Чешми. Се работи и на наоѓа на земјиште, кое не е плодно, односно е од пониска категорија и ќе биде понудено и за изградба на фотоволтаични централи. На средбата самите стопанственици посочија дека во моментов во услови на енергетска криза, за нив добри се и инвестициите во фотоволтаични централи. Побараа и инфраструктура во зоната во поранешниот текстилен гигант „Македонка“.

Штипскиот градоначалник очекува во текот на 2022 година да се донесе и Генералниот урбанистички план. Во новиот буџет е планирано да се продолжи изградбата на обиколницата од населбата Пребег до мостот на реката Брегалница, кај Кежовица, со што ќе се овозможи развој и изградба на нови индивидуални куќи, станбени згради и објекти со лесна индустрија на овој потег од градот Штип.