Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.
Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради
своите посебности.
Анкетата е спроведена за потребите на ИПИС и е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Резултатите ќе бидат објавени во два дела на 17ти и 18ти април 2021. Во прилог се резултатите од првиот дел.