Две лица загинаа во авионска несреќа во Белгија, објави Brussels Times, повикувајќи се на агенцијата Belga News.
Првите извештаи укажуваат дека се работи за авион со дозвола од Германија, а инцидентот се случил на 100 метри од пистата на Спа Малшамп.
Околу 9 часот пилотот се обидел да полета, но маневарот бил отежнат поради силниот ветер, пренесе RTBF.
Пилотот не можел успешно да полета и удрил во паркиран автомобил покрај пистата, по што се запалил. Возачот на автомобилот успеал да излезе од возилото кое било затрупано во чад, спасувајќи си го животот во последен момент.
Rescue services pictured on the site of a plane crash in Spa, Sunday 28 January 2024
📷 Romain Rixhon pic.twitter.com/3r1lpBZxaR
— BelgaImage (@BelgaImage) January 28, 2024