Зоран Димитровски нема веќе да ја обавува функцијата на заменик министер за локална самоуправа. Оваа одлука е претходница на она што веќе беше обелоденето вчера од неговата партија, Демократски сојуз а тоа е дека тие излегуваат од владиното мнозинство. Тој со писмо се обрати до премиерот Ковачевски и го извести дека поднесува оставка од оваа позиција и дека одлуката и причините за оставка се наведени во соопштението на неговата партија.

ДС по вчерашната расправа одлучи да не ја поддржи реконструкцијата на Владата на Република Македонија и да не биде дел од парламентарното мнозинство. До ваквата одлука ДС дојде затоа што партијата заклучи дека програмските приоритети на Демократскиот сојуз усогласени со СДСМ пред парламентарните избори во јули 2020 година, како и во декември 2021 година пред формирањето на Владата со актуелниот состав, не се имплементирани. Демократскиот сојуз најави дека ќе делува како вонвладина партија и дека ќе продолжи да ги штити интересите на Македонија

Во продолжение ви ја приложуваме и оставката на Димитровски која е доставена утрово до Ковачевски