Според податоците доставени од Мицкоски до медиумите, оваа компанијата од државни институции и јавни претпријатија, односно од парите на граѓаните добила 126 тендери со што остварила раст на профитот од речиси 250 проценти.

 

Компанијата, како што минатиот месец објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е во сопственост на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, Димитар Петрески.

Тогаш од комапнијата меѓу другото во испратениот демант, наведоа дека компанијата, од своето формирање, па се до денес, е со доминантен сопственик со потекло од Република Хрватска, односно, компанијата Пастор TBA од Република Хрватска, која поседува 70% од сопственоста на Армор плус ДОО, со право на одлучување. Пастор TBA – Загреб е реномиран производител кој активно постои на пазарите во Европа и светот повеќе од 90 години. Во структурата на компанијата има вкупно 3 сопственици, информации јавно достапни во Централен регистар на РС Македонија.