22-годишниот Италијанец по кој полуде целата женска популација ширум светот и покрај сите скандали тој им остана омилен, но набрзо се дозна дека тој е во 4-годишна врска со 25-годишната Џорџа Солери – италијански модел и инфлуенсерка, што ги разочара пола од фановите.

Веста беше изненадување за обожавателките, бидејќи Дамијано и Џорџа поретко се забележувани во јавноста и не споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и нивните профили.

Сепак, деновиве парот се појави заедно во јавност, а на социјалните мрежи беа споделени неколку папарацо-фотки.