Родителите на учениците од основното училиште ,,Димитар Македонски” во скопската населба Лисиче на протест го изразија своето незадоволство од тоа што учениците не можат да почнат настава со физичко присуство како и сите други основни и средни училишта.
Причината за тоа што учениците немаат физичка настава е тоа што училиштето се гради четири години, но сеуште не е завршено.