Граѓаните и на вечерашниот протест повторно ја покажаа почита кон припадниците на полицијата.
Имено, грѓаните вечерва повторно по петти пат протестираат против францускиот предлог, а на припадниците на полицијата кои се задолжени за редот и мирот им поделија цвеќиња.
Инаку, протестот започна пред Владата, продолжи пред Министерството за надворешни работи, а крајнатадестинација е Собранието на Република Македонија.
Протестите се одржуваат петти ден по ред, а ќе продолжат и во наредните денови.