Градоначалникот на општина Ѓорче Петров преку Фејсбук објава информираше дека денес, на 2-ри април, го одбележаа денот на раѓањето на великанот Ѓорче Петров, еден од најистакнатите идеолози, организатори и афирматори на Македонската Револуционерна Организација.

– Македонската историја е богата за уште еден херој чиј неуморен и борбен дух ни овозможува живот во слободна земја.
Големо е неговото дело! Ѓорче Петров бил непомирлив и конзистентен како револуционерен мислител. Суптилно ги разработувал патиштата и начините на македонската борба за слобода и независност. Денеска, се бориме со предизвиците на модерното време. Принципите од кои ние никогаш нема да отстапиме се модерно, урбано и хумано Ѓорче. Наша задача е да
работиме чесно и посветено и да ги остваруваме аманетите оставени од предците. Да создаваме, остваруваме и да негуваме
вредности.Да живее споменот за хероите, пишува Стојкоски во својата објава.