Некои граѓани кои се заглавени во огромните гужви на граничниот премин „Табановце“, за порталот „еМагазин“ испратиле фотографии за тоа како изгледа оваа гужва.
Според некои информации кои кружат низ медиумите, оваа гужва е резултат на тоа што македонската влада не ги прифаќа дозволите кои беа издадени од страна на МВР за излез од земјава, иако граѓаните уредно ги побараа и ги добија истите.
Инаку, утре во Македонија пристигнвуаат првите 24.000 пратки од вакцините на „Астра Зенека“, а според некои информации истиот ден ќе пристигнат и дел од пратката на руската вакцина „Спутник В“.