Денеска со почеток од 10 до 12 часот блокиран е регионалниот пат Кочани – Штип во двата правци. Се пропуштаат само возилата на Брза помош и противпожарните возила. Патот за сообраќај ќе биде затворен се додека на барикадите лично дојде премиерот Заев, категорични се оризопроизводителите.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

 

Оризопроизводителите од кочанскиот регион бараат производната цена на оризовата арпа да биде од 25 денари па нагоре , како и да се најде решение за неоткупените количини, како и пласман за новата реколта. Поради ниската откупна цена повеќе од една четвртина од минатогодишната реколта се чува во амбарите.

Фотографиите кои ни пристигнаа од денешниот протест може да ги погледнете во продолжение: