Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо.
Како што објави порталот од очевидци, жената се премислувала неколку пати дали да скокне или не, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало.
Според истите информации жената е жива и има телесни повреди. Очекувајте официјални информации подоцна.