Целата фама се крена бидејќи прво во спотот имаше едем детаљ кој асоцираше на бугарското знаме. Потоа самиот пејач призна дека има бугарски пасош, па некои политички кругови веднаш си го присвоија.
Но, се чини, дека најважна е врската со Зорица Заева. А кога жената го има главниот збор, тогаш нема мрдање.
Од друга страна, во струмичко се зборува дека се и во роднинска врска, бидејки дел од корените на Гарванлиев се од селото Муртино, од каде што е и премиерот Заев.
Освен ова, се појавија слики дека Гарванлиев е во близок контакт со други функционери на СДСМ. Таков пример е Коста Петров, а сликата може да ја видите во продолжение.