Инвестиција од 15 милиони денари за културно-туристички бисер
По цели седум години запуштеност, Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште конечно е саниран. За реставрацијата се издвоени 15 милиони денари од буџетот на Завод и Музеј Охрид, информираше директорот Горан Патчев.
„Презедовме доста чекори за реставрација на самата инсталација, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли и системот за наводнување. Изминатата година интензивно се спроведоа активности“, изјави Патчев.
Целосна санација и нов туристички потенцијал
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков потврди дека е целосно обновена платформата и крововите на колибите, уредена е терасата пред музејската зграда, започната е постапката за нов систем за наводнување, а ентериерот е реновиран со нова опрема за подобро искуство на посетителите.
Мицкоски: Објект со туристичка и културна важност
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа праисториска населба, заедно со целокупната инфраструктура, претставува значаен објект за Охрид и за сите туристи кои го посетуваат градот.
„Јас сум исклучително задоволен од бројките кои што се реализираат во првите 5 месеци од годината. Државниот завод за статистика вчера објави бројки во кои што во месец мај оваа година споредено со месец мај минатата година има повеќе од 22% туристи и повеќе од 15% ноќевања. Ако се гледа периодот од јануари до мај, првите 5 месеци од годината, имаме за 16 % повеќе туристи и отприлика за 12 % повеќе остварени ноќевања. Тоа преставува добар мотив за сите нас да продолжиме во таа насока“, соопшти премиерот Мицкоски.
Погледнете ја фотогалеријата.
Фото: Влада