Левичарските опозициски партии во Франција ветија дека ќе номинираат заеднички кандидати на претстојните парламентарни избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Француските социјалисти, зелените, комунистите и порадикалната партија Неосвоена Франција повикаа во изјава за заедничка платформа која, како што се наведува, „ќе претставува алтернатива на Емануел Макрон и ќе се бори против расистичкиот проект на екстремната десница“, пренесува Ројтерс.

Се додава дека партиите ќе поддржат заеднички кандидати во секоја изборна единица.