Тридневниот Самит на Седумте најразвиени индустриски земји (Г-7) во Корнвол заврши со заедничката декларација во која се наведува дека Г-7 идната година ќе донира една милијарда вакцини против Ковид-19, ќе обезбеди повеќе пари за борбата против климатските промени и ќе се воведе глобален минимален данок од најмалку 15 отсто за мултинационалните коорпорации.
Г-7 најави дека идната година ќе дoнира една милијарда вакцини против Ковид-19 за програматра КОВАКС и оти ќе соработува со приватниот сектор, со Г-20 и со други држави.
Во декларацијата се бара Светската здравствена организација (СЗО) подетално да го испита потеклото на Ковид-19 во Кина, истакнувајќи дека истрагата мора да биде „транспарентна“ и „водена од експерти“.