Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото. Поради ова, Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови, изјави во интервју за МИА го истакна британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Напомена дека Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови.

– Се надевам дека прашањата ќе бидат решени наскоро, но во меѓувреме, најважното што Северна Македонија треба да го направи е да продолжи со реформите не за ЕУ, туку бидејќи тие ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е најважно, истакна амбасадорката.