Одобрение од ЕМА, што Спутник се уште го нема, ќе ја отвори можноста за употреба на вакцината во кампањата за имунизација во Европа и тогаш вреди да се разгледа нејзината примена во Германија, коментира портпаролот на Ангела Меркел.
Штефен Зајберт одби да ја коментира Франција, која ја обвини Москва за употреба на руските вакцини како „пропагандна“ алатка.
Минатата недела германската канцеларка Ангела Меркел коментираше дека Германија треба да користи каква било вакцина одобрена од ЕМА.
Портпарол на Министерството за здравство денеска изјави дека сите вакцини ќе бидат дадени доколку бидат одобрени од ЕМА.