Пред летот, од патниците кои заминуваат во Германија ќе се бара да му покажат негативен ПЦР тест на превозникот. Одлуката стапува во сила в недела на полноќ и ќе трае до 12 мај.
На лицата кои нема да му ја приложат потребната потврда на авиопревозникот, нема да им биде дозволено да влезат во авионот, се наведува во соопштението на германското Министерство за здравство.
Првичната идеја била ваквото барање да стапи во сила од утре, но беше одложено за да можат патниците и авиокомпаниите да се прилагодат на тоа.
Досега, приложувањето на негативен тест беше задолжително за патниците кои пристигнуваат од земји и региони прогласени од германските власти за зони со висок ризик.