Германски официјални лица повикаа да се зголеми заштитата околу критичната  инфраструктура по големата „саботажа’’.

Во саботата возовите во и околу северна Германија беа прекинати откако беа исечени два кабли, парализирајќи ја мрежата повеќе од три часа. Привремено беа прекинати и меѓународните железнички линии кон Данска и Холандија.

Неколку германски официјални лица ги повикаа властите да ја зголемат заштитата околу критичната национална инфраструктура по големата „саботажа“ при што некои тврдат дека можеби е вмешана Русија.германскиот весник „Билд“ тврди дека видел полициски документ во кој се споменува дека каблите биле пресечени истовремено на две различни места,на растојание од околу 540 километри, што укажува на саботажа.