Германски обвинители отпуштија од работа 19 полицајци од специјалните сили, а еден е суспендиран, поради сомнение дека глорифицирале насилство. Портпаролката на Обвинителството информира дека на интернет тие пишувале за поранешната нацистичка организација и разменувале нацистички симболи.
Најголем дел од несоодветната содржина објавиле во периодот 2016-2017 година, а најскорешните објави се во 2019 година, пласирани на крајно десничарски чатови.
Германската разузнавачка агенција во минатогодинешниот извештај информираше дека помалку од еден процент од припадниците на германската полиција, безбедносните агенции и воениот персонал заговараат крајно десничарски погледи на светот.