Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти највисока бројка на заразени на 100.000 жители уште од средината на јануари, 124,9. Вчера, оваа бројка беше 119,1.

– Потребен е микс од строг карантин, вакцинација и тестирања за да се спречи преплавување на одделенијата за интензивна нега, кажа Кристијан Карајанидис, шеф на Германската асоцијација за интензивна нега и итна помош.

Тој ги повика политичарите да ги запрат најавените отворања на земјата, која се соочува со рапидно зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19.

– Барам од политичарите да не го оставаат на цедило медицискиот персонал, додаде Карајанидис.