Во писмо до владините институции и агенции во овој месец, комесарот Улрих Келбер наведе дека Фејсбук не обезбедил гаранции дека ќе ги заштити податоците во согласност со регулативите на ЕУ.

Келбер додаде дека апликациите Клабхаус, ТикТок и Инстаграм се чини дека имаат слични недостатоци, па затоа се препорачува државните институции да престанат да ги користат се додека не заврши комплетниот извештај за ова прашање.

Официјалната страница на Фејсбук на германската влада има над милион следбеници, а комесарот за заштита на податоците нагласи дека е невозможно да се води „фан-страница“ на Фејсбук без личните податоци на следбениците да бидат пренесени во САД.