Со мечот Швајцарија – Србија односно Камерун –  Бразил се затвори групната фаза на 22. издание на светското првенство во фудбал кое се оддржува во Катар.

Па така ги имаме и најдобрите 16 екипи кои вкрстија меѓу себе и до последен здив ќе се борат за таканаречената ”божица”.

А еве го и распоредот на одигрување

16.00 Холандија – САД (Калифа Интернешнл)

20.00 Аргентина – Австралија (Ахмад бин Али)

недела, 4. декември:

16.00 Франција – Полска (Ал Тумама)

20.00 Англија – Сенегал (Ал Бајт)

понеделник, 5. декември:

16.00 Јапонија – Хрватска (Ал Џануб)

20.00 Бразил – Јужна Кореја (974)

вторник, 6. декември:

16.00 Мароко – Шпанија (Едјукејшн Сити)

20.00 Португалија – Швајцарија (Лусаил).

Четвртфиналето е на програмата на 9 и 10 декември, по што следуваат полифиуналните дуели, на 13 и 14 декември.

Натпреварот за третото место ќе се игра 17 декември од 17 часот на стадионот „Калифа Интернешнл, додека финалето е на 18 декември во Лусаил од 16 часот.