Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа.

Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ЕК работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција и со двете земји, но не се дојдени се уште до тој момент. Со тоа прашање треба, рече тој, да се занимава Европскиот совет на Унијата. Генерално тој сепак порача дека е време да се оди напред, т.е. да се има напредок во процесот.

-Позицијата на ЕК е апсолутно јасна. Комисијата сака да види одржување на меѓувладината конференција, односно почеток на преговорите со Македонија и со Албанија што е можно побрзо. Процесот е заснован на заслуги а двете земји имаат направено многу во однос на тој процес. Време е да се оди напред, т.е. да се направи напредок, рече Гир. Тој додаде дека тие ги охрабруваат двете страни да најдат заеднички прифатливо решение.