„Има еден хендикеп кај господинот Пендаровски, тој беше препокриен од политиката на владејачката коалиција и многу негови одлуки беа копија на тоа што го правеа премиерите Заев и Ковачевски“, истакна Марјан Ѓорчев во „24 Отворено“ на 24ТВ.
„Граѓаните во Македонија независно од нивната етничка припадност добро паметат за одредени одлуки, посебно да речеме во делот на македонското национално ткиво, тоа дали Гоце Делчев е Бугарин или не е Бугарин, а тој изјави дека Гоце Делчев е Бугарин. И дури граѓаните ќе ги паметат и други работи, како на пример не може да правда грешки ако владејачката гарнитура направила грешка како што е договорот со Бугарија“, појасни тој.
Ѓорчев рече дека Пендаровски го правдаше договорот со Бугарија кој што е штетен за македонските национални интереси. И не може Пендаровски да ги убедува граѓаните дека не може истиот договор да биде корегиран. Ѓорчев потсети дека во тој договор во членот 13 стои дека може истиот да биде корегиран со Анекс или дополнителни договори.
„Тоа што го направи Пендаровски, пак ќе кажам со должна почит, овојпат ќе има помалку шанси отколку што имаше првиот пат“, заклучи тој.
Тој посочи дека Пендаровски ги поддржа штетните одлуки на владејачката гарнитура.