-Денеска започнуваме со зафат кој што вклучува 1.100 метра фекална канализација, практично цел овој појас овде од околу над 200 домаќинства ќе бидат покриени и на тој начин ќе го решиме овој нивни долгогодишен проблем.

Дополнително за овој проект ние како општина издвоивме 17.5 милиони денари средства пари од нашите граѓани кои што ги насочуваме директно кон нив, вели Ѓорѓиевски.