Четириесет и деветгодишен жител на тетовското село Шемшово е лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник на магистралниот пат Гостивар – Стража. Инцидентот се случил откако полицијата кај возачот констатирала сообраќаен прекршок.

На 6 септември 2026 година во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар запреле патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки.

Со автомобилот управувал А.Ј. (49) од селото Шемшово, Тетовско. Откако полициските службеници констатирале сообраќаен прекршок, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал еден од нив.

А.Ј. бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.