Просечната плата се зголемила во споредба со истиот месец лани. Од Државниот завод за статистика додаваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, изнесува 102,7.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 %), уметност, забава и рекреација (8,4 %) и информации и комуникации (8,3 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,7 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,9 %) и информации и комуникации (5,4 %) – стои во соопштението.

Највисоката просечна исплатена нето-плата за јануари е забележана во секторот информации и комуникации и изнесува 53.928 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, изнесува 102,7.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 %), информации и комуникации (8,5 %) и уметност, забава и рекреација (8,4 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,4 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,3 %) и информации и комуникации (4,9 %) – истакнуваат од заводот.

Колку за потсетување, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари