Главни цели беа енергетските објекти и трафостаниците
Руските вооружени сили започнаа интензивен напад врз Украина во текот на ноќта, користејќи повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Главни цели беа енергетската мрежа, производствените капацитети и дистрибутивните трафостаници. Штети се регистрирани во регионите Волин, Ивано-Франкивск, Лвов и Ривнон. Во Ривно е оштетена станбена зграда“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“.
Во Ладижин, Виничка област, дроновите го погодија административниот дел на земјоделското училиште, а напади имаше и во Киев и Харков. Во некои региони, украинските сили за воздушна одбрана сè уште интервенираат за да ги неутрализираат ракетите и дроновите.
Зеленски ги повика своите меѓународни партнери да обезбедат повеќе ракети за системите за воздушна одбрана, нагласувајќи дека Украина треба да ја зајакне способноста за одбрана против новите бранови напади.
