Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа нова победа во рамките на германската Бундеслига, откако на гостувањето кај составот на Фрајбург триумфираа со резултат 1:3. Со овој натпревар беше комплетирана денешната првенствена програма.
Баварците уште во првото полувреме обезбедија сигурна контрола врз играта и на самиот терен. По само 42 минути игра, гостинскиот тим имаше водство од 0:2 благодарение на погодоците што ги постигнаа Дајот Упамекано и Серж Гнабри, со што се најави конечниот исход на средбата.
Неизвесноста на натпреварот накратко се врати во последните десет минути, кога Бишоф си постигна автогол и намали на 1:2. Сепак, Баерн Минхен брзо реагираше и не дозволи изненадување, па преку Мајкл Олисе постигна трет гол за враќање на двојната предност и поставување на конечните 1:3.
По седум одиграни натпревари во германскиот шампионат, Баерн Минхен се наоѓа на првото место на табелата со освоени 17 бодови. Тимот на Фрајбург останува на третата позиција со 13 освоени бодови.
