За првпат намалување на јавниот долг

Министерката Гордана Димитириеска Кочоска за Радио Лидер вели дека Македонија за првпат има намалување на јавниот долг. Таа зборуваше дека има голема жртва, но што го прави вродува со резултати.

Дури и во министерството кога ги гледавме бројките имаме за првпат намалување на јавниот долг. Да, гласот страда, да, нема спиење, да министерката не сака да троши… Е да, тоа е тоа, затоа има резултати. Не може никој да каже „како министерката дозволила шест милијарди од Британија“. Ајде нека кажат кога ќе ги повлечеме и кога ќе го оствариме овој долг, вели министерката Гордана Димитириеска Кочоска за Радио Лидер.

Министерката потенцира дека вкупниот долг на Македонија од 31.12 до сега е помал за 36 милиони евра. Таа потенцираше дека има големи резултати во претходните шест месеци и дека многу пари се заштедени.

Да разберат граѓаните. Лесно беше да земеме задолжување во јануари февруари да ја расчистиме еврообврзницата. Да беше другата власт ќе земеа 500 милиони евра, но тоа ќе значеше да се плаќа камата. Израчунајте 500 милиони евра по 6 проценти тоа се 30 милиони евра. За пола година, бидејќи не може да ги потрошите, тие ви се проектирани за 6 месеци, кога не може да ги потрошите зошто сте ги земале? Зошто сте ги земале за 6 месеци 15 милиони евра. Да, оваа министерка тоа успеала да го направи. Да, не спие. Кога ме прашуваат „Зошто Гордана толку се малтретираш“ – затоа што сакам да заштедам 15 милиони евра, рече министерката Гордана Димитриеска Кочоска за Радио Лидер.

Повеќе може да погледнете од графиконот во продолжение:

Извор: Министерство за финансии
Извор: Министерство за финансии

Намалување од 4,7 процентни поени

Според податоците од Министерството за финансии, јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесувал 9,58 милијарди евра, што претставува 57,7% од проектираниот БДП за таа година. Ова е намалување од 4,7 процентни поени во однос на крајот на 2024 година, кога јавниот долг изнесувал 9,6 милијарди евра или 62,4% од БДП .

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека ова е резултат на мерките за фискална консолидација, намалување на непродуктивните трошоци и зголемување на економската активност. Значи, јавниот долг е намален во однос на 31 декември 2024 година, и тоа и во апсолутен износ и како процент од БДП.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение:

Министерката разговараше и за останати теми како стратешкиот договор со Британија.

Гордана Димитриеска Кочоска ги објасни нејаснотиите за стратешкиот договор: Првото плаќање ќе биде дури во 2027 година