Слично како што кралската официјална страна ги паузираше содржините во чест во починатиот војвода од Единбург, така и Хари и Меган ја објавија својата порака на почетната страна на нивната непрофитна организација „Арчевил“.

-Во знак на сеќавање на неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021. Ви благодариме на службата, многу ќе ни недостасувате, гласи пораката.

Војводата и војвотката од Сасекс ги чека најмалку пет дена карантин ако се вратат во Велика Британија за погребот на дедото на Хари. Парот засега официјално не соопшти дали ќе присуствува на погребната церемонија.

Со оглед на тоа дека Меган е бремена, а односите со кралското семејство не се најдобри, се шпекулира дека можно е Хари сам да допатува.